top of page
Man Playing Guitar

Онлајн часови по гитара
Online guitar lessons

Home: Welcome

Инфо

• Онлајн часови по гитара за сите возрасти со насока кон класичната гитара.
• Акорди, ритам, читање ноти, табелатури и музичка теорија, свирење со прсти и со трзалица, како и учење на песни согласно со кој тип на музика најмногу ви лежи
• Часовите може да се одржуваат преку скајп, зум или било кој медиум по ваш избор. Онлајн моделот е веќе испробан и часовите го имаат истиот квалитет како и настава во живо (го практикувам веќе 6 месеци).
• Свирам гитара повеќе од 16 години и имам 3 годишно искуство како професорка по гитара во „Гитара Пет“. Имам работено со буквално секоја возрасна група од 6 годишни деца па се до личности во пензионерските денови.

• Часовите се за сите возрасти почнувајќи од 6 години

• Цената е 600ден од час
• или доколку платите наеднаш 1800ден за 4 часа (со услов часовите да бидат одработени во рок од 4 недели)

• Закажете си термин на casovipogitara@outlook.com или 072 641 266
• zoom: casovipogitara@outlook.com

Home: About

За колку време ќе научам да свирам?

Доколку сте целосен почетник, нашето искуство покажа дека за основите се потребни околу 3 месеци за да се совладаат основните акорди, како и можност тие акорди слободно и без многу мислење да се менуваат и да се поврзат со ритам, односно флуентно да се свират полесни песни од поп, рок, екс-ју и слични жанрови. Воедно доколку имате желба во овој период би научиле и читање на ноти и ритам, основно познавање на тоновите на гитарскиот врат, како и неколку скали.

Sheet Music

Ги знам акордите ама не можам да фатам ритам, зошто?

Ова е често прашање и веројатно она што не збунува е начинот на кој „фаќањето“ ритам е прикажан во разговорите. Се чини како да е тоа едноставна работа за која не треба да мислиме, но вистината е дека тоа е така за мал процент на луѓе. Да може да се слушне одреден ритам и потоа точно да се пренесе во прстите е сложен процес за кој ни требаат низа алатки пред да го доведеме до степен на автоматизам. Ова подразбира систематско изучување на разни ритми, почнувајќи од најлесните на бавно темпо со употреба на метроном, па потоа постепено зголемување на темпото и усложнување на ритмите. Добрата вест е дека доколку основата ни е солидна односно сме научиле да држиме ритам точно во првите месеци од свирењето, тогаш многу лесно ќе стигнеме до интернализирање и атоматизирање на процесот на „фаќање ритам“. И за крај би спомнале една мудра мисла од реномиран професор по гитара:


„Ако ги грешиш нотите, луѓето и ќе ти простат, ама ако го грешиш ритамот, на никој нема да му е гајле за твоето свирење“

Learning Guitar
Home: Benefits

Како изгледа првиот онлајн час по гитара?

Уште пред да ја земеме гитарата, започнуваме со физички вежби за загревање на прстите и истегнување на зглобовите на рацете. Ова ни овозможува да го убрзаме процесот на развивање на фината моторика потребна за свирењето гитара. Потоа, откако ќе се запознаеме со деловите на гитарата, почнуваме со вежби за правилно користење на десната рака. Откако ќе завршиме со десната рака, се насочуваме кон левата повторно со технички вежби со цел да научиме правилна поставеност како и развивање на сите прсти подеднакво. Од вториот час се почнува со изучување на основни акорди и ритам. 

Boys in Guitar Class

Што ми е потребно?

Гитара, интернет и желба се најбитни. Дополнително би можело да ви користи штимер (има и бесплатна апликација на телефон), метроном (исто постојат бесплатни апликации), потпирач за левата нога или додатоци кои ја креваат гитарата и нотна тетратка доколку сакате да научите ноти.

Girl & Guitar
Home: Benefits
Guitar Playing

Моето дете покажува интерес за гитара, од која возраст би можело да почне?

Генерално децата би можеле да почнат и од 6, 6 и пол години. Но треба да имате во предвид дека гитарата има свои предизвици кога се работи за деца од толку мала возраст. Пример една потешкотија би можело да биде држењето на гитарата доколку таа е стандардна големина, а не е прилагодена за детето. Едно решение би било да се купи 1/2 или 3/4 гитара. Друга потешкотија која малите деца ја имаат е болката во прстите која се јавува на почетокот во свирењето гитара. Ова е нормален процес, но треба да се внимава за да не се создаде аверзија кон гитарата. Сепак доколку детето има интерес, секако е добра идеја да се поддржи и да му се даде шанса во започнување со овој инструмент. Поради овие причини генерално часовите за деца од 6 до 8 години се повеќе музичко запознавање со инструментот, вовед во ритам, изучување на основни ноти и развивање на прстите. Шансите се големи дека во првите 6 месеци нема да може отсвири нешто кое вие би го препознале како „музика“. Но ова е сосема нормално и во ред бидејќи во почетоците е побитно да поставиме стабилна основа, отколку да се фокусираме на една песничка која детето би ја научило совршено.

Home: About

+38972641266

©2020 by Онлајн часови по гитара/Online guitar lessons. Proudly created with Wix.com

bottom of page